На кралицата Елизабета не ѝ се допаѓа тоа што принцот Вилијам, самиот управува со хеликоптер и го носи семејството до дома. Таа веќе неколку пати го предупредила да не го прави тоа, особено кога времето е лошо, а тој упорно ја игнорира, пренесоа британските медиуми.
„И покрај тоа што Вилијам е искусен пилот, кралицата е загрижена за него. Особено што често со него патуваат и Кејт Мидлтон и нивните три деца, принцот Џорџ, Шарлот и Луис“, рече извор близок до кралското семејство.
Ако нешто се случи, ќе настрадаат сите кои се високо во редот за наследство на круната, дополни тој. Прв во редот за круната е најстариот син на кралицата, принцот Чарлс, а потоа неговиот син принцот Вилијам. Трет е најстариот син на Вилијам, принцот Џорџ, а четврта неговата сестра принцезата Шарлот. По неа следи принцот Луис.
Во периодот кога Кејт Мидлтон беше бремена, законот за наследство на круната се промени, па од тогаш редот за наследство на круната се рачуна по годините на раѓање, а не по полот.
Редот на принцот Хари, помладиот брат на Вилијам, кој не е во иделани односи со остатокот од кралското семејство, откако се пресели во Америка со Меган Маркл, е шести во редот за круната.