Винона Рајдер: Сакав да и бидам другарка на Анџелина Џоли, ама таа ме разочара

Винона Рајдер е една од актерките кои остава вепачток заради својот талент, харизмата и специфичниот изглед. Таа, често се појавуваше во филмови со мрачна тематика. Актерката денес го слави 48-от роденден.

Глумицата пред десетина години призна дека за време на снимањето на филмот „Girl“ многу сакала да се спријатели со Анџелина Џоли, но таа упорно ја игнорирала и се држела дистанцирано.

Винона открива дека ја разочарало ладнокрвното однесување на Анџелина. Иако сакала да се спријатели со неа, Џоли упорно ја игнорирала.

„Се сеќавам дека мислев дека ќе станеме суперпријателки, ама мислам дека ме гледаше само како ликот што го глумев, а не како Винона. На некој начин држеше дистанца од мене и од другите“, изјавила Винона.

Еден од интересните моменти во нејзиниот живот бил оној кога дознала дека всушност вистински била венчана со актерот Киану Ривс и тоа цели 27 години.

Режисерот при завршувањето на филмот „Дракула“, никако не бил задоволен со стилизираната венчавка на Мина и Џонатан, кои ги толкуваа Винона Рајдер и Киану Ривс, па одлучил да сними уште една, но вистинска сцена на венчавката, за да види како навистина би изгледало тоа.

Така е снимена сцената во вистинска православна црква во Лос Анџелес, а обредот го водел вистински свештеник.

Во 2001 година Винона е уапсена поради кражба на Беверли Хилс. Обвинета е за кражба на дизајнерска облека и накит вреден повеќе од 5.000 долари и осудена на три години условна казна. Винона тврди дека тоа се случило во времето кога страдала од клиничка депресија.

Scroll to Top