Владимир Путин е најсекси маж во Русија

Рускиот претседател Владимир Путин е избран за најсекси маж во земјата во анкетата што ја спроведе порталот Superjob.ru. Путин освои 18 проценти од гласовите на мажите и 17 проценти од гласовите на жените, а во испитувањето на јавното мислење беа вклучени околу 2.000 луѓе.

Според испитаниците, кај Путин освен физичкиот изглед, им се допаѓа и неговиот шарм, но и авантуристичкиот дух. Рускиот претседател е познат по своите опасни хобиja, често оди на лов, се бори со тигри, плива во замрзнати езера и слично.

Владимир Путин има 68 години, а руската Дума неодамна донесе закон според кој тој ќе може да остане на претседателската функција до 2036 година.

Scroll to Top