Внуката на Елвис Присли е успешна актерка и модел

Рајли Коф, внуката на кралот на рокенролот, е позната и успешна како дедо ѝ. Таа веќе гради актерска кариера, но не го користи семејното презиме за да се пробие во Холивуд. Рајли ја игра главната улога во популарната серија „The Girlfriend Experience“, па често се појавува и на насловните страници на американските списанија.

Најголемиот успех до сега го постигнала со улогата во филмот „Лудиот Макс“, каде што го запознала својот сопруг, каскадерот Бен Смит. Рајли работела и на кампањи за најголемите модни куќи, меѓу кои Долче и Габана, Викторија Сикрет и Кристијан Диор.

Scroll to Top