Шарлот Казираги, внуката на познатата Грејс Кели, ја прославила венчавката со францускиот филмски продуцент Димитриј Расам и ги воодушевиле гостите во две фантастични комбинации.
Шарлот и Расам се венчаа во палатата на принцот во Монако. За првиот дел од церемонијата, невестата се одлучила за краток сив фустан од тантела со потпис на Ив Сен Лорен и едноставна пуштена коса.
Младенците по церемонијата преминале на терасата на палатата, каде со уште 300 гости ја прославиле венчавката. Подоцна, приредиле вечера и танц на плажата на хотелот „Монте Карло“.
За вечерниот дел од настанот, Шарлот се одлучила за потрадиционален изглед. Носела бел фустан на „Шанел“ без прерамки и ракави. Зрачела со гламур од некои минати времиња, а венчаницата ја искомбинирала со боб-фризура.
Она што на сите им падна во око е дијамантскиот ѓердан „Картие“, идентичен на оној што Грејс Кели го носела на нејзината венчавка. На тој начин, невестата и’ оддала почест на својата баба.