Внуката на Лејди Ди љуби 32 години постар милионер

Кити Спенсер, внуката на принцезата Дијана, е во врска со 32 години постар милионер, пишуваат британските медиуми. 28-годишната Кити и контроверзниот тајкун Мајкл Луис се во врска од лани во август, а првпат се сликани заедно во Њујорк минатиов викенд. Тие се видени во Њујорк и на почетокот на оваа пролет, како излегуваат заедно од хотелот во кој Меган Маркл организираше забава пред раѓањето на бебето.

Кити го привлече вниманието на јавноста лани, на свадбата на Меган и Хари, кога дојде облечена во зелен фустан, креација на Долче и Габана. Таа е најстарото дете на грофот Чарлс Спенсер, братот на Дијана.

 

Scroll to Top