Единствениот внук на Елвис Присли, Бенџамин Кео, кој во јули годинава се самоуби, страдал од депресија, но бил зависник и од алкохол и дроги, пишуваат американските медиуми.
Бенџамин се самоуби на 28 години. Тој беше пронајден во Калабас во Лос Анџелес со прострелна рана во главата, која самиот си ја нанел. Досега не беа познати деталите за оваа трагедија.
Налозите од аутопсијата покажале дека причината за смртта е прострелна рана, но во крвта биле пронајдени и значителни количини алкохол и кокаин. Бенџамин одел трипати на рехабилитација, а само еднаш успеал да ја заврши програмата, но, за жал, неуспешно.
Освен тоа, Бенџамин се обидел да се самоубие и пет месеци пред смртта, а како причина било наведено дека станува збор за психичко нарушување.
Британски „Сан“ пишува дека Бенџамин се самоубил на роденденската забава на својата девојка, која се одржала во куќата на мајка му. Поради тешката депресија, тој со месеци не излегувал од соба, а за своите проблеми никогаш не побарал помош.
Вечерта пред смртта тој се расправал со девојката по што отишол во бањата, од каде што се слушнал истрел на куршум.