Внукот на Леди Ди е најпосакуван ерген на светот

By

Луис Спенсер, внукот на Леди Дијана, е најпосакуваниот ерген во светот, пишуваат британските медиуми. Тој го привлече вниманието на јавноста пред неколку месеци, на венчавката на принцот Хари и Меган Маркл.

24-годишниот Луис е виконт од Алторп. Тој е син на лордот Чарлс Спенсер, братот на Дијана, а мајка му е Викторија Локвуд, поранешна манекенка. За неа Ралф Лорен во една пригода изјавил дека е најубавата девојка на светот. Неговите родители се разведни, а татко му се женел уште двапати, па Луис има помлад брат, Едмонд, и две сестри, Лара и Шарлот Дијана.

Луис е студент на универзитет во Единбург, но нема профили на социјалните мрежи. За неговиот приватен живот не се знае многу, но британските медиуми пишуваат дека не е во врска.

Ќе ви се допадне