Внукот на Мухамед Али стана секс-симбол

20-годишниот Бијаџо Али Волш е внук на легендарниот боксер Мухамед Али. Тој игра рагби за тимот „Беркли беарс“ на УКЛА, а од неодамна е заштитно лице на агенцијата „Вилемина моделс“. Освен што е прославен како рагбист, тој важи и за секс-симбол за студентките на УКЛА.

Тој на десната рака има тетоважа на пеперутка, а на левата пчела. Тетоважите се симбол на познатата реченица на боксерот „Летам како пеперутка, боцкам како пчела“. Бијаџо често носи и маички со ликот на деда си и со неговото вистинско име, Касиус Клеј.

 

Израснал во Лос Анџелес со братот Ник, кој е боксер исто како дедо му.

„За секој Ден на благодарноста и секојпат кога имавме шанса, се возевме до Аризона или до Мичиген за да се дружиме со него. Дедо ми сакаше магионичарски трикови, а Ник секогаш со себе го носеше својот магионичарски прибор и му покажуваше кул трикови“, рекол Волш во едно скорешно интервју.

Иако Бијаџо кратко тренирал бокс, сепак се решил за друг спорт.

„Брат ми и јас трениравме бокс со вујко ни, а Ник го засака овој спорт. Јас не ја почувствував истата страст“, додал тој.

Со деда со Мухамед Али, брат му Ник и мајката Рашида Али Волш

Рагби тренира од средношколските денови, а со моделинг се занимава од 2016 година. Негови фотографии се објавени и во италијанското издание на магазинот „Вог“.

 

Scroll to Top