Шпанската кујна е позната по подготвоката на свинско месо. Ел Кочиниљо e свинско месо кое се служело во Кастиља уште од римско време. Сместен во срцето на историскиот Мадрид, веднаш до Плаза Махор, Ел Собрино де Ботин е најстариот ресторан во светот.
Мадрид имал само неколку илјади жители кога во ова место за прв пат се служело храна. Во 1561 година Мадрид станал главен град на Шпанија. Документот од 1590 година покажува дека на таа локација веќе се наоѓала гостилница. Подрумот, кој денес се користи како трпезарија, изгледа идентично како што изгледал пред 500 години.