Во сон почина актерот Хит Фримен, негативецот од серијата „Коски“

Холивудскиот актер ц Хит Фримен почина во сон во својот дом во Тексас на 41 година, пренесоа американските медиуми. Фримен беше познат по улогата на серискиот убиец Хауард Епс во првите две сезони од серијата „Коски“.

Причината за смртта на актерот сѐ уште не е соопштена.

Во својата кариера Фримен глумел во сериите „Ургентен центар“, „Без трага“ и „НЦИС“. Тој се појави и во филмовите „Вистински повик“, „Медицински истраги и „Ненси Дру“.

Од Фримен преку социјалните мрежи се простија неколку негови колеги, кои го опишаа како голем професионалец и мил човек.

Scroll to Top