Супермоделот Адријана Лима неодамна е мета на критики за нејзиниот физички изглед. По тешкото породување таа имаше проблем со вишокот килограми, но како што одминува времето и најголемите критичари забележуваат дека манекенката полека се враќа во форма.
Таа повторно беше мета на критики во јавноста кога неодамна се појави на премиера. Критичарите го коментираа нејзиното лице и потенцираа дека претерала со естетската хирургија. Рекоа дека лицето и е отечено, усните необична форма, а очите и се помали.
Адријана по премиерата беше фатена како се шета со сопругот Андре Лемер во тренерки и без трошка шминка на лицето. Оваа сцена го смени мислењето на многумина за тоа дека Лима направила пластична операција, додека една група сепак останала на своето првобитно мислење.