Водителот кој ја навреди Адел е суспендиран на 2 недели

Водителот на Канал 7, Мет Доран бил суспендиран на 2 недели, затоа што во интервјуто ја навредил пејачката Адел. Тој заминал во Лондон каде го направил интервјуто за неговата австралиска медиумска куќа. Тоа бил единствениот медиум каде Адел сакала да даде изјава.

Откако го завршиле разговорот, таа го прашала што мисли за нејзиниот нов албум „30“. Доран и одговорил дека го нема слушано до крај, а тоа многу ја навредило Адел, па куќата го суспендирала на 2 недели.

„Не бев целосно свесен дека на е-маил го добив нејзиниот албум, кој беше објавен неколку недели по моето патување во Лондон. Тоа беше ненамерна грешка. Ова е најважниот е-маил кој сум го пропуштил. Засекогаш ќе се каам заради тоа“, рече Мет.

Голем дел од медиумите пренесоа дека Адел се налутила и го напуштила предвреме интервјуто. Мет го негира тоа и рече дека се случило спротивното.

„Тоа што требаше да трае 20 минути, траеше 29“, рече тој.

 

Scroll to Top