Вооружен човек уапсен пред домот на Тејлор Свифт

Џулиус Александер Сандрок бил уапсен викендов додека се обидувал да влезе во домот на поп-пејачката Тејлор Свифт во Лос Анџелес, пишува „Дејли меил“. Тој бил вооружен со нож, јажe, црна маска и ракавици, а во неговиот автомобил полицијата нашла уште маски, празна футрола за пиштол, муниција и антидепресиви. Тие се сомневаат дека Џулиус веќе некое време ја следел Свифт.

Уапсениот 38-годишен маж добил притвор со кауција од 150.000 долари.

Пејачката, пак, не била во својот дом кога се случил инцидентот. Пред само една недела друг човек е обидел да се прекачи преку ѕидот околу нејзината куќа во Беверли Хилс. Човек, пак, од Конектикат ограбил банка и ги фрлил парите во дворот на палатата што Свифт ја има на атланскиот брег на САД.

Scroll to Top