„За 5 години Меган ќе позира кај некој плејбој, а кутриот принц ќе сфати дека џабе останал без работа“, вели британскиот водител Џереми Кларксон

Познатиот британски водител Џереми Кларксон се осврна на целокупната ситуација во врска со интервјуто кое Меган Маркл и принцот Хари го дадоа на Опра Винфри, а кое се претвори во скандал што го потресе британското кралско семејство.

Кларксон во колумна за The Sun напиша дека Меган Маркл е „омилена меѓу оние кои се млади и глупави и кои веруваат дека нејзиното глупаво изигрување жртва ќе доведе до пропаст на монархијата“.

Тој смета дека британското кралско семејство преживеало многу полоши работи како љубовни афери и отсекување глави.

„Прилично сум сигурен дека ќе ги пребродат баналните размислувања на малата смешна телевизиска актерка. Верувајте ми, Меган е готова. За пет години ќе позира кај Таџ Махал или на јахта на некој плејбој, а кутриот принц ќе сфати дека без никаква причина останал без работа“, напиша Кларксон.

 

Scroll to Top