За малку ќе ми испаднеше окото, тоа ќе беше ужасна смрт, Џереми Ренер за несреќата со машината за чистење снег

Џереми Ренер раскажа нови детали за тешката несреќа во која се здоби со повреди опасни по живот. На почетокот на јануари Ренер беше прегазен од машина за расчистување на снег и едвај остана жив. Тој во несреќата скршил повеќе од 30 коски. Во ексклузивното интервју за ABC, Ренер изјави дека „се сеќава на сè и дека бил буден низ се“. Пријателите на Ренер и локалните жители, исто така, гостувале во прилогот, а соседот Рич Ковач рекол дека на актерот „му течела крв од ушите“.

„Неговото око изгледаше како да е избиено“, рекол Ковач, а неговата приказна подоцна ја потврдил и самиот Ренер. „Верувам дека можев да си го видам сопственото око со другото око“, открил актерот.

Откако итно бил пренесен во болница, лекарите успеале да го спасат очниот отвор на Ренер користејќи метални плочи и завртки.
Ренер признал дека на почетокот мислел дека ќе го помине остатокот од својот живот како растение, но сега му се вратил видот на двете очи и има неверојатен напредок во закрепнувањето.
По сето она низ кое помина, Ренер е благодарен што не бил сам кога се случила несреќата. „Да бев сам, ќе беше ужасна смрт“, рекол тој. „И јас сигурно би умрел. Но, не бев сам. Бев со мојот внук“, додал тој.

За постеување, Ренер се обидувал да користи машина за чистење снег за да му помогне на својот внук да го извлече автомобилот од длабокиот снег во близина на неговиот дом, но заборавил да ја притисне сопирачката за итни случаи кога излегол од возилото за да му помогне.

Машината потоа почнала да се тркала кон внукот на Ренер, и додека актерот трчал да се врати внатре и да ја врати контролата над него, тој беше повлечен под него и смачкан.
И’ покрај болките и повредите што ги претрпе, Ренер рекол дека не жали што се обидел да ја запре машината. „Јас би го направил тоа повторно“, рекол тој. „Тоа одеше право на мојот внук. Јас би го направил тоа повторно.”

Scroll to Top