За пет дена починаа двајца актери од „Беверли Хилс“, Холивуд се збогува од Џед Ален

Актерот Џед Ален еден од најпознатите по улогите во сериите Days Of Our Lives и Santa Barbara почина вчера на 85 годишна возраст. Тажната вест на „Фејсбук“ ја објави неговиот син Рик Браун, кој напишал дека Џед починал мирно во сон.

Ален кариерата ја започна кога се појавил во сериите Love of Life и The Secret Storm, а подоцна како Дон Крег во 1971 година се приклучи на екипата во серијата Days of Our Lives.

Тогаш неговата кариера тргнала по нагорен пат, а ликот на Крег го глумел цели 14 години. Сепак во 1986 година, ја добил улогата по која публиката најмногу го памети, легендарниот Сиси Капвел во серијата Santa Barbara.

Овој лик пред него го толкуваа тројца актери, а тој го играше до самиот крај на емирување на серијата во 1993 година. Година дена подоцна ја добива улогата Раш Сандерс, таткото на Стив во серијата „Беверли Хилс“.

Претходно почина и холивудскиот глумец, Лук Пери исто така познат од серијата „Беверли Хилс“. Пери починал од мозочен удар на 52 годишна возраст.

Scroll to Top