Познатиот американски „Јутјубер“ Логан Аустин, победи на добротворната аукција, плаќајќи чек од 800.000 долари, за да може да вечера со ѕвездата на американскиот фудбал Том Брејди.
Легендарниот квотербек, на 15. април покрена хуманитарна акција All In Challenge, со цел да собере парични средства за прехрана на сиромашните семејства, погодени од пандемијата „Ковид-19“.
All In Chalenge, кој ја освоил Логан, вклучува и влезници за првиот натпревар на Брејди, со новата екипа „Тампа Беј“, негов дрес и вечера.
„Бев подготвен да платам до два милиони долари“; изјавил Логан за „ТМЗ Спорт“.
„Со нетрпение чекам да го запознаам еден од моите идоли“, додало момчето, кое го собрал богатството преку свите снимени сцени на „Јутјуб“, кои се засновани на играта „Сумер Марио“.
Бредли е најуспешниот НФЛ квотербек, на сите времиња. Во текот на неговата 20 годишна кариера, Брејди со „Њу Ингланд патриотс“, освоил шест титули, четири пати бил прогласен за најдобар играч на „Супер бол“, а уште трипати го освоил трофејот за најкорисен играч во сезоната.