Захара Марли Џоли-Пит е едно од 6-те деца на Анџелина Џоли и Бред Пит. Таа е посвоена од Етиопија и има 15 години. Посовена е во 2005 година, а родена е во Етиопија.
Џоли прво сама ја посвои на 6-месечна возраст, а потоа и Пит стана ко-посвоител во 2006.
Името од „Yemsrach“ ѝ било променето во Захара.
Во едно интервју во 2009 Џоли изјави дека биолошката мајка на Захара починала од сида, но во 2017 година еден британски магазин тврдеше дека направил интервју со биолошката мајка на Захара (жена од Етопија по име Mentewab Dawit Lebiso), а таа изјавила дека Захара била зачнатаоткако била силувана и затоа ја дала на посвојување. Ја родила на 19 години. По породувањето биолошката мајка избегала од дома, Захара ја чувале баба ѝ и дедо ѝ и на 6 месеци била дадена на посвојување.
Нејзината биолошка мајка сега живее во Етиопија и се издржува од изнајмување на соби во нејзиниот дом. Џоли вели дека се гордее на силата на Захара, затоа што таа е до неа и во најтешките мигови како на пример кога самата Џоли се соочува со здравствени проблеми.
Во интервју во 2017 година Џоли изјави дека насмевката на Захара ѝ е лек: „Таа е една од оние луѓе кои се смеат со цело тело. Комплетно отворени и полни со радост.“
Захара ја инспирира хуманитарна работа. Во 2009 Џоли креираше фондација „Захара“ за помош на случаите на туберколоза во Етиопија, кои не реагираат на лекарствата.
Таа имала средба со првата жена претседател на Етиопија. Се има појавено во некои од филмовите на мајка ѝ, ја интересира актерството. Обожава да дизајнира накит. Таа е најстара од ќерките на Џоли и Пит. Зборува француски јазик.