Загина осумгодишниот син на фудбалерот Микеле Басис

Италија е во шок по смртта на осумгодишниот син на поранешниот фудбалер на Фиорентина, Микеле Басис. Oткако прво неговиот вујко починал поради компликации од коронавирус, сега се соочува со уште поголема загуба, отако животот го загуби и осумгодишниот син.

Тој си играл на балконот во семејната куќа, по што се лизнал и паднал.

Итно бил пренесен во болница, но набрзо им подлегнал на повредите.

Басис настапуваше за Фиорентина, а своевремено ги бранеше и боите на Џенова. Кариерата ја заврши во 2010 во нисколигашот Арецо.

 

Scroll to Top