Закерберг плаќа 7 милиони долари за телохранители

Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, лани платил 7,3 милиони долари за свое лично обезбедување. Тој овие податоци ги доставил до американската Комисија за хартии од вредност. Неговите трошоци за лична безбедност лани се зголемиле за околу 50 отсто, оти во 2016 година потрошил само 4,8 милиони долари за телохранители.

„Фејсбук“ потрошил 1,5 милиони долари за користење приватен авион, споредено со лани кога дале 870.000 долари.

Зголемените трошоците за безбедноста и приватните авиони се заради последната кампања на Закерберг, кога патуваше во голем број американски држави.

Scroll to Top