Поради секс-скандалот, Пласидо Доминго по 51 година ја напушти операта во Њујорк

По обвинувањата за сексуално вознемирување, Пласидо Доминго по 51 година ја прекина соработката со операта Метрополитен во Њујрок.

Седумдесет и осумгодишниот Доминго денеска требаше да ја пее главната улога во „Макбет“ на Џузепе Верди, но објави дека ја завршил соработката со оперската куќа. И неколку други компании претходно откажаа негови концерти од иста причина. Дваесет жени го обвинија Доминго за вознемирување, недолично сексуално однесување и дека во некои случаи ја користел својата позиција за да им наштети на кариерата.

Пласидо Доминго се согласи да се повлече од сите идни настапи во Мет, што веднаш стапува на сила. Мет нема да дава други коментари на оваа тема, се вели во соопштението на Метрополитен.

Доминго самиот кажа дека пробата за „Макбет“ бил негов последен настап во Метрополитен.

Scroll to Top