„Засега сме на различни патишта“, принцот Хари прозборе за односот со брат му

Принцот Хари во интервју за британските медиуми прозборе за врската со постариот брат Вилијам.  Синовите на покојната принцеза Дајана и принцот Чарлс во детството беа неразделни.

Поради загубата на мајка им тие беа и браќа и другари. Сè до пред три години, кога Хари ја запозна Меган, неговата сегашна сопруга, и почна да се дистанцира од својот брат.

„Има работи кои се неизбежни и едноставно се случуваат, но ние сме браќа и секогаш ќе останеме браќа. Засега сме на различни патишта“- рекол  во ексклузивно интервју за британската телевизија ИТВ .

Британските таблоиди со месеци пишуваа дека браќата се во лоши односи, бидејќи Вилијам му рекол на Хари дека неговата врска со Меган оди пребргу и дека можеби и не е најпаметно да се жени по само една година врска. За разлика од Вилијам и Кејт, кои биле 8 години во врска, па Кејт имала време да се прилагоди на кралското семејство.

Друга причина е дека Хари неодамна ја одвои и својата добротворна организација од кралското семејство, а се отселил и од палатата, што е исто необично бидејќи кралското семејство живее заедно.

„Секогаш ќе бидам тука за него, а знам дека и тој за мене. Имаме добри денови и лоши денови, но ние сепак сме браќа. Не се гледаме како порано зошто и двајцата имаме премногу обврски, но го сакам со сето мое срце“, рекол Хари.

Во истото интервју Меган рекла дека другарките ја советувале да не се мажи за Хари бидејќи британските таблоиди ќе и го уништат животот.

Scroll to Top