Затворена „плажата“ на Леонардо ди Каприо

Тајландските власти соопштија дека плажата Мејо, која ја  прослави филмот „Плажа” со Леонардо ди Каприо, ќе остане затворена на неопределено време со цел да се санираат штетите од туристите.

Првично беше објавено дека на плажата Мејо беј ќе им биде забранет пристап на туристи во период од 1 јуни до 30 септември. Сега заливот, кој е дел и од национален парк, ќе биде затворен на неопределено.

Заливот е затворен заради обновување на коралните гребени и морската флора и фауна.

Scroll to Top