Зависник од брз секс и женски гради, принцот Џефри Болкија од Брунеј поседува харем од 40 жени

Иако харемите обично се поврзуваат со минатото, постојат и ден-денес. Еден од нив се наоѓа во Брунеј, во сопственост на принцот Џефри Болкија (66), брат на султанот Хасанал Болкија од Брунеј.

Брунеј е мала земја лоцирана на северот од островот Борнео во Југоисточна Азија, богата со големи извори на нафта и гас, од каде тамошната елита црпи огромна сума на пари и живее на висока нога.

Во харемот живеат околу 40 луѓе во вила која чини. Неговиот сопственикот, плејбојот Џефери, поседува вила во вредност од 45 милиони фунти во Бурнеј, 2000 автомобили нарачани според неговите потреби, над 10 авиони и уште поголем харем. Поседува над 600 скапи имоти ширум низ целиот свет. Една од нив е куќата во Лондон, во вредност од милион фунти. Неговите месечни трошоци честопати изнесуваат и до неколку десетици милиони фунти.

Важи за човек кој е опседнат со женски гради, поради што една од своите јахти ја има наречено Титс (Гради). Но склон е и кон нарачување вредни предмети, како што се експлицитни статуи за него и неговите најомилени жени. Џефри има неколку жени, огромен број деца, како и посвоеници. Иако има повеќе жени, никогаш не може да се насити од нив, па затоа има луѓе кои во негово име трагаат по најубавите жени во светот.

Поранешните жителки на неговиот харем наведуваат дека принцот практикува секс без заштита и воопшто не ја проверува здравствената состојба на жените со кои се впушта во сексуални игри. Една од нив е Џилијан Лорен, американска писателка и поранешна сексуална работничка, која ги опиша своите искуства во харемот во книгата „Некои девојки: Мојот живот во харем“ во 2010 година. Таа престојувала во харемот во периодот од 1992 до 1995 година, а во книгата наведе дека принцот сакал брз и незаштитен секс. Иако била привилигирана, сепак го напуштила харемот откако тој се заситил од неа.

Шенон Маркетиц, поранешна мис на САД од 1992 година, ги тужеше принцот и неговиот брат за сексуално ропство. Таа завршила во харем кога имала само 18 години. Допатувала директно од Њујорк, по што била приморана да го предаде својот пасош веднаш по пристигнувањето. 

Кога се вратила во САД, покренала тужба против принцот, каде го обвини дека ја дрогирал и наведе дека неговиот персонал го сметал за полу-човек, полу-бог, па затоа спиењето со него претставувало посебна привилегија којашто требало да ја прави среќна. Бидејќи тој се повика на дипломатски имунитет, случајот заврши уште пред да започне.

Некои од жителките на харемот имаат плата од неколку илјади долари дневно. Девојките и девојчињата кои престојуваат таму, а има и такви на возраст од 15 години, мора да се грижат за нивната тежина за време на нивниот престој и да им се поклонуваат на членовите на кралското семејство. Тој доаѓа до девојките на различни начини, најчесто ги забележува во списанијата или на телевизија. Кога ќе одлучи дека сака некоја од нив, ги контактира своите луѓе кои го вршат тој дел од работата.

Султанот од Брунеи e опседнат со секс и има авиони и автомобили направени од злато

Scroll to Top