Згодна ко секогаш, Меланија Трамп првпат во Њујорк откако отиде од Белата куќа

Откако Доналд Трамп ги загуби претседателските избори и тој и Меланија ја напуштија Белата куќа, поранешната прва дама за првпат е фотографирана во Њујорк, а се зборува дека  летото ќе го помине во друштво на нејзиниот син Барон на Менхетен и во Бедминстер и Њу Џерси.

Во еден од нејзините први јавни настапи по напуштањето на Вашингтон  Меланија Трамп беше фотографирана како пристигнува во кулата Трамп на Менхетен. Доналд и Меланија сега живеат во приватен клуб во Флорида.

Уште во мај, Доналд е фотографиран како лета од Бедминстер во Њу Џерси, каде тие исто така поседуваат еден од луксузните клубови за голф, но Меланија во тоа време не беше со него. Магазинот „Пипл“ наведува дека Меланија ова лето ќе го помине на две локации – во семејната резиденција на Менхетен, и во викендицата во Бедминстер.

Поранешниот 75-годишен американски претседател моментално се наоѓа во Бедминстер, каде неодамна одржа прес-конференција, на која ојавуви тужби против неколку технолошки компании.

Scroll to Top