Жалам што не родив повеќе деца, но сега тоа е невозможно: Никол Кидман искрено за мајчинството

Австралиската актерка Никол Кидман (54), која ретко зборува за приватниот живот, призна дека најмногу жали што не родила повеќе деца кога имала можност. Додека беше во брак со Том Круз, Никол ги посвои Изабела (28) и Конор (26), оти двојката не можеше да има свои деца. Од бракот со музичарот Кит Урбан, Никол има две ќерки Сандеј (13) и Фејт (10).

„Постојат работи за кои жалам, а тоа пред сè е што немам повеќе деца. Би сакала да можев да родам уште некое, но не ми беше даден тој избор“, рече Кидман во интервју за магазинот „Мери Клер Австралија“.

Таа признава дека сака да постои опција да го прошири семејството, но засега тоа е невозможно.

„Но и тоа е во ред. Имам шест внуки и внуци и кума сум на 12 деца. Што да ви кажам, го сакам мајчинството, ги сакам децата“, рекла таа.

Scroll to Top