Жена го обвинува Мајк Тајсон дека ја силувал во лимузина во Њујорк

Боксерскиот шампион во тешка категорија Мајк Тајсон обвинет е за силување на жена во ’90-те години. Тужбата ја поднела жената во судот во Њујорк овој месец, која тврдела дека ја силувал боксерот.

dobivaj vesti na viber

Таа барала отштета од 5 милиони долари, и изјавила дека Тајсон ја силувал во лимузина откако го запознала во ноќен клуб во Њујорк и дека претрпела физичка, психолошка и емоционална траума годините потоа.

Во изјавата на жената не е наведен датум за нападот, само се вели дека тоа се случило на почетокот на ’90-тите, отприлика во исто време, кога Дезире Вашингтон рече дека Тајсон ја силувал во Индијанаполис. На 10 февруари 1992 година, Тајсон беше осуден за силување и одлежа три години затвор.

Жената во својата изјава изјавила дека влегла во лимузината на Тајсон и дека боксерот веднаш почнал да ја допира и да се обидува да ја бакне.

„Неколку пати му реков не и го замолив да престане, но тој продолжи да ме напаѓа. Потоа ми ги соблече панталоните и насилно ме силуваше”, стои во изјавата на жената.

Таа сака да ја задржи својата анонимност бидејќи, како што рече, објавувањето на нејзиното име сигурно би претставувало ризик за неа како и дополнителна психолошка штета, малтретирање, потсмев и личен срам.

Адвокатот што ја застапува рекол дека неговата канцеларија не ја прифатила изјавата на жената, туку ги истражила нејзините наводи и утврдила дека се веродостојни. Адвокатската канцеларија соопшти дека не може дополнително да коментира за случајот.

56-годишниот Тајсон, роден во Бруклин, беше светски шампион во тешка категорија од 1987 до 1990 година.

Scroll to Top