Жерар Депардје повторно обвинет за силување

By

Француското обвинителство повторно ја отвори истрагата против актерот Жерар Депардје за силување дваесетгодишна девојка.

Првата истрага за Депардје беше прекината во 2019 година поради недостиг на докази, но актерката повторно ја отвори постапката, соопштија париските обвинители.

Жерар беше обвинет за сексуално вознемирување во август 2018 година, а девојката го обвини дека силувањето го извршил, за време на две театарски претстави, кои се одржале на 7 и 13 август истата година.

„Жерар Депардје апсолутно негира каков било напад и силување“, изјавил неговиот адвокат Ерве Темин за „Франс прес“ и додал дека е убеден дека ќе ја потврди невиноста на неговиот клиент.

Според пријател на актерот, Депардје е пријател на семејството на актерката која го обвинува за силување.

Депардје се смета за еден од најдобрите француски актери и досега има одиграно улоги во 170 филма. Добил и меѓународно признание во 1990 година за главната улога во комедијата на англиски јазик „Зелена карта“.

 

 

 

Ќе ви се допадне

AnimeHeaven dubbed anime: Watch Black Clover (Dub) Episode 67 (https://animeheaven.pro/m/jPaX/ep-67)

AnimeDao darling in the franxx animedao: Watch Attack on Titan Season 2 Episode 1