Уругвајско-мексиканска актерка Барбара Мори се прослави со улогата на злобната заводничка Руби во истоимената теленовела. Но, и нејзиниот приватен живот бил како филм, вели самата. Млада станала мајка, открила дека има рак на дојката, успеала да ја победи болеста, а од пред три години веќе е баба. И покрај се што ѝ се случувало, популарната Руби е подготвена да ѝ се врати на глумата. Таа ја снима серијата „Преговарачка“ што треба да се прикажува наскоро.
Не сакав да глумам злобна заводничка
42-годишната Барбара кариерата ја почнала уште 1992 година, кога имала само 14 години. Но, улогата на Руби ѝ донесе слава во целиот свет. И покрај успехот на серијата и незавршениот крај, Мори реши дека не сака да снима втора сезона.
„Продуцентите оставија отворен крај со желба да снимат втора сезона, но ги одбив. Оваа серија ми донесе популарност што не можев да ја замислам. Не бев среќна. Јас бев популарна, успешна и добро платена. Сепак, не сакав да бидам врзана за само еден проект. Сакав да пробам нешто ново“, раскажала неодамна глумицата во видео што го објавила на Јутјуб.
По оваа улога, таа почнала да снима и во Холивуд и во Боливуд. Со ова станала една од ретките глумици од Јужна Америка кои се пробиле во оваа филмска индустрија.
Борба против ракот на дојката
Нејзината успешна кариера била прекината откако дознала дека има рак на дојката. Карциномот ѝ бил дијагностициран во 2007 годин, кога Барбара била на врвот на славата. Глумицата тогаш јавно зборувала за сите стравови со кои се соочила во најтешкиот период во животот, со порака дека и младите девојки треба да се тестираат и да се грижат за своето здравје.
Баба на 39 години
Барбара на 19 години го родила синот Серхио Мајер. Но и Серхио станал татко на таа возраст и ја добил ќерката Мила. „На 39 години веќе сум баба“, се пофалила Руби откако ѝ се родила внуката. Сега, вели дека ужива во тоа да биде млада баба.
Љубов и развод
Барбара беше мажена со американскиот безбол играч Кенет Реј Сигман. Но, се разведоа по една година. Таа во моментов е во врската со мексиканскиот режисер Фернандо Ровзар.