Младата ѕвезда на „Дизни“ Никита Перл Валигва, почина во саботата на 16 години од тумор на мозокот, пренесуваат светските медиуми. Младата актерка почина вечерта во болницата во Уганда.
Никита првпат се соочи со тешката болест во 2016 година. По третманот, туморот за кратко време се повлече. Нејзиното семејство подоцна повторно објави дека туморот ѝ се вратил.
Филмската режисерка Мира Наир организирала тим на луѓе, со цел а ѝ помогнат на младата глумица. Од болницата во Уганда, објасниле дека тие ја немаат соодветната опрема за да ѝ помогнат на Никита.
Никита глумеше во Queen of Katwe, филм кој е темелен на вистинска приказна. Станува збор за девојчето Фиона Мутеси, шахистка од Уганда, која и покрај големата сиромаштија и недостатокот на образование, успева да се натпреварува на меѓународните турнири.