Ѕвездата на популарната серија на Нетфликс „Фауда“ тешко ранет во Газа

Идан Амеди, израелскиот пејач и ѕвезда на ТВ серијата „Фауда“ на Нетфликс, е ранет во Газа, соопшти неговото семејство.

Според неофицијални извештаи на социјалните мрежи, Амеди наводно бил тешко повреден додека се борел на страната на ИДФ.

Порталот „Тајмс оф Израел“ пишува дека актерот со хеликоптер бил префрлен во медицинскиот центар „Шеба“ во Тел Хашомер, каде му била извршена итна, сериозна и долготрајна операција. Моментално е под седација и постојан лекарски надзор.

Неговиот татко потврдил дека Идан е повреден, но рекол дека неговиот живот не е во опасност.

По нападот на Хамас врз Израел, Идан отиде да се бори во Газа како резервист.

Во видео-пораката што ја сними минатата недела, Амеди повика да се стави крај на внатрешните несогласувања меѓу Израелците.

„После 90 дена борби, продолжуваме да ги уништуваме локациите за ракети со краток дострел, локациите за лансирање и командните објекти на терористичката организација Хамас. Им се придружувам на моите браќа резервисти во повикувањето на политичарите, медиумите и сите други – ако немате нешто добро да кажете, молчете. Израелскиот народ живее“, порача тој.

Scroll to Top