Ѕвездата од Игра на тронови, Софи Тарнер и пејачот Џо Џонас по вторпат станаа родители

Ѕвездата од Игра на тронови, Софи Тарнер и пејачот Џо Џонас по вторпат станаа родители. Тие добија уште една ќерка чие име засега не е соопштено, објавија нивните портпароли.

Софи и Џо веќе ја имаат ќерката Вила која за неколку дена ќе го прослави 2 роденден.

„Џо и Софи со задоволство го дочекаа доаѓањето на нивното девојче“, изјавија портпаролите.

Долго време ја криеја бременоста од јавноста, а Софи во мај за магазинот Elle потврди дека таа и Џо очекуваат уште едно дете.

Џо од бендот „Jonas Brothers“ на Инстаграм сподели монтажа посветена на сопругата по повод раѓањето на втората ќерка.

 

Scroll to Top