Ѕвездата од „Опенхајмер“, Силијан Марфи вешто го крие приватниот живот, а за сопругата вели дека му е најголема поддршка

Ѕвездата од „Опенхајмер“, Силијан Марфи, исто како и неговите колеги Мет Дејмон и Рајан Гослинг одлучија да го задржат приватниот живот за себе. Марфи за кого сè почесто се зборува поради улогата во хитот филмот „Опенхајмер“, рече дека се труди приватниот живот да го држи подалеку од јавноста, а во едно од последните интервјуа откри мали детали за него и сопругата.

„Внимавам да не одам од работа на работа, бидејќи тоа значи дека живееш во балон од сет, хотел, авион, филмски фестивали, што за мене не е реалност“, рече Марфи и откри колку приватниот живот му значи и колку сопругата Ивон Мекгинис има главна улога во него.

За Ивон рече дека му е најголемиот поддржувач, но не сакаше да открива премногу детали за неа и како што вели истите сака да ги задржи за себе, пренесе Town&Country.

И двајцата се од Ирска, а се запознале во деведесетите, кои биле клучни за неговото формирање како актер.

„Тоа време, создавањето на Disco Pigs, беше некако најважниот период во мојот живот. Луѓето што ги запознав таму останаа мои најблиски пријатели. Ме обликуваа во однос на мојот вкус, во однос на тоа што сакав да правам со животot. И беше отприлика во исто време кога ја запознав сопругата“, рече Марфи.

„Ивон ојде со нас на турнеја. Беше возбудливо. Поминаа 20 години од тогаш. Бевме само деца кои се обидуваа го најдат патот“, рече Марфи.

Се венчаа во 2004 година, наводно на лозјето на нејзиниот татко во Прованса, а првиот син Малахија го добија една година подоцна. Вториот Аран е роден во 2007 година. Прво живееле во Лондон, а потоа решиле да се преселат во Даблин, за да бидат блиски со семејството и со бабите и дедовците.

„Претпоставувам сакавме да бидат Ирци“, рече Марфи кој зборуваше и за предизвиците на воспитувањето на синови од позиција на популарна личност.

„Имам неверојатна сопруга и не би можел да го сторам ова без неа и нејзиното разбирање. Но, тоа е борба. Мислам дека за секој татко е борба“, објасни Марфи.

За потсетување, актерот се прослави со улогата на Томи во серијата Peaky Blinders, а фановите малку знаат за неговиот личен живот бидејќи тој нема социјални мрежи и не открива премногу во интервјуата.

Scroll to Top