Ѕвезди кои потрошиле милиони евра за да ги импресионираат девојките

By

Светските ѕвезди се подготвени да искешираат и по 4 милиони евра за да ја воодушеват девојката која имаат желба да ја запросат. Некои прстени дури ги платиле и по 3000 евра, а девојката не сакала ниту да го земе.

Секој маж пред да ја запроси девојката минува низ мака, барајќи соодветен прстен. Некои од нив се подготвени да платат и огромни суми на пари за да ја воодушеват својата избраничка. Не им е важно колку карати има прстенот.

Многу познати ѕвезди носат скапоцени дијаманти на рацете за кои нивните сопрузи одвоиле вистинско богатство.

Бијонсе и Џеј Зи

Раперот кога се заљубил во Бијонсе, го барал најскапиот прстен кој можел да го најде, за да ја воодушеви пејачката. Музичарот ја запросил со 20 каратен прстен, кој има огромен дијамант, а го платил околу 4 милиони евра.

Парис Хилтон и Парис Латсис

Манекенката во моментов е во кавга со актерот Крис Зилка, кој не сака да го врати скапоцениот прстен по раскинувањето на веридбата. Но, во нејзината свршеничка историја, не било секогаш така. Гркот Латсис и подарил прстен со 24 каратен дијамант чија цена изнесувала околу 4 милиони евра, а таа му го вратила затоа што не сакала нешто толку гломазно. На крајот манекенкаата се согласила на раката да носи поевтин и поедноставен прстен, а веридбата со Латсис била прекината.

Меланија и Доналд Трамп

Претседателот на САД на својата избранчка и подарил прстен како од филмот „Господар на прстените“. Прстенот имал вредност од околу 1,5 милиони евра, а за неговата изработка биле користени прекрасни дијаманти.

Ким Кардашијан и Крис Хемфрис

Прстен од иста вредност како оној на Меланија Трамп, добила и познатата ријалити ѕвезда Ким Кардашијан. Нејзиниот поранешен сопруг, Крис, ја запросил со дијамант, а бракот им пропаднал по само 75 дена. Кардашијан прстенот толку го засакала што одлучила да го задржи по разводот.

Жаклин Кенеди Оназис и Џон Ф. Кенеди

Сенаторот на својата драга и подарил свршенечки прстен со смарагд во средината. Бројни мали дијаманти ја краселе неговата површина. Кенеди потрошил осум милиони долари за да ја запроси Жаклин.

Џенифер Лопез и Бен Афлек

Џенифер Лопез многупати се венчала и се разведувала. Бен Афлек и подарил 6,1 каратен розев дијамант. Прстенот во 2012 година бил проценет на околу милион евра, а вредноста ја има задржано до ден денес.

Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас

Даглас на свршеничкиот прстен потрошил 5,7 милиони долари, а 10 каратниот џиновски дијамант го опкружуваат 28 минијатурни дијаманти.

Анџелина Џоли и Бред Пит

Господинот за својата госпоѓа Смит се потрудил нешто повеќе од вообичаено, но сепак бракот немал среќна завршница. Главниот дијамант во средината го краселе висококвалитетни аголни дијаманти, а цената била проценета на околу 190.000 евра.

Хали Бери и Оливер Мартинез

„Прстенот ја опишува заносната љубовна приказна на двојките кои само тие можат да ја дешифрираат“, изјавил Оливер. Актерот и подарил прстен на Бери во вредност од 150.000 евра, кој има 4 каратно светло со зелен смарагд, а базата содржи чисто злато. Иако е единствен по симболите кои се врежани во него, бракот им траел само три години.

Викторија и Дејвид Бекам

Прстенот на поранешната членка на „Спајс грлс“, има дијамант во средината, а билијанти ја красат неговата површина. Поранешниот фудбалер за неговата сегашна сопруга издвоил 50.000 евра.

Кејт Мидлтон и Принцот Вилијам

Кралскит прстени отсекогаш биле скапоцени и многумина ги оставаат без здив. Принцот Вилијам и подарил на својата сопруга прстен направен од овален син сафир украсен со 14 ситни дијаманти. Вредноста им е проценета на 39.000 евра, а истиот 18 каратен прстен го носела и принцезата Дајана на денот кога починала.

 

 

Ќе ви се допадне