Актерите Џон Литгоу, Кристин Џонстон, Френч Стјуарт и Џозеф Гордон-Левит, ѕвездите на серијата „Третиот камен од Сонцето“, се сретнаа за да го одбележат јубилејот, 25 години од прикажувањето на првата епизода. „Третиот камен од сонцето“ беше една од најпопуларните хумористични ТВ-серии во светот на крајот на 1990-тите години.
„За нас како времето да застана. Можеби сме малку постари, но имам чувство дека вчера се видовме последен пат“, рече пред новинарите Џон Литгоу, кој во серијата го глумеше Дик.
Серијата ја раскажува приказната за четворица вонземјани, Дик, Хари, Сали и Томи, кои се испратени на земјата во човечки облик за да го проучуваат нашиот вид. Серијата за кратко време стана хит, а актерите беа миленици на публиката. За многумина, „Третиот камен од сонцето“ и денес е една од најсмешните серии на сите времиња.