Ѕвездите од „Игра на тронови„ , Кит Харингтон и Емили Кларк се во новата модна кампања на Долче и Габана. Двајцата актери се заштитни лица на парфемот „The One”, односно Емили за женската, а Кит за машката верзија.
Кампањата е снимена во препознатливиот стил за дизајнерската двојка, во типичното динамично италијанско опкружување, со познатата италијанска трпеза во позадина.