Сите ги знаеме имињата на познатите модни дизајнери , можеби дури и носиме работи со нивната позната етикета, но поголемиот дел од нас воошто немаат поим како изгледаат Келвин Клајн или Томи Хилфигер.
Репортер пронајде фотографии од луѓето што се кријат зад имињата на етикетите од скапите бутици. Ако ги видите на улица и поминат покрај вас, можеби нема да ги препознаете бидејќи речиси воошто не се разликуваат од обичните луѓе.
1.Томи Хилфигер, 68 години
На дваесет години Хилфигер ја отворил својата прва продавница за облека. Но по само 5 години банкротирал. Потоа се преселил во Њујорк, каде што работел за неколку модни куќи, а на 28 години ја основал својата компанија за дизајн на облека, „Томи Хил“ (Tommy Hill). По шест години, со поддршка од спонзор, ја основал корпорацијата Tommy Hilfiger, која набрзо потоа станала еден од најпознатите светски брендови за облека.
2. Мјуча Прада, 70 години
Помладата внука на Марио Прада го презела раководството над семејниот бизнис со луксузна роба кога имала 29 години. Во младоста сакала да стане пантонимичар во театарот „Пиколо“, па дури неколку години настапувала во него. На 40 години, ја направила и ја претставила својата прва колекција женска облека, а пет години подоцна започнала и со производство на машка облека. Мјуча Прада во 2014 година влезе на листата на „Форбс“ за највлијателни жени во светот.
3. Џими Чу, 70 години
Чу го направил првиот пар чевли кога имал само 11 години. Се преселил од Малезија во Велика Британија за да студира на Техничкиот колеџ во Лондон. Откако дипломирал, Чу се вработил во дизајнерска фирма и набрзо потоа отворил сопствена продавница за облека. Неговите занаетчиски вештини и дизајн наскоро биле забележани на Лондонската модна недела, по што стекнал светска слава.
4. Келвин Клајн, 76 години
Келвин во младоста работел во неколку њујоршки модни куќи, а од време на време и како уличен уметник. На 26 години, со другарот од детство, Бери Шварц, во Њујорк ја основал фирмата „Келвин Клајн“, специјализирана за машка линија, а подоцна почнал да креира и женска облека.
5. Маноло Бланик, 76 години
Маноло ја почнал својата кариера на 28 години во Лондон, кога започнал да пишува колумни за женска облека во списанието „Вог“. Една година подоцна, одлучил да отвори сопствен брендиран бутик за облека. На 32 години, Бланик станал вториот маж во историјата што некогаш се појавил на насловната страна на списанието „Вог“. Неговите чевли се прогласени за петта ѕвезда на серијата „Сексот и градот“ (освен четирите главни хероини).
6. Робето Кавали, 78 години
Роберто во младоста учел техника на ткаење на рачен разбој, која толку многу го воодушевила, што набрзо потоа одлучил да ги прекине студиите и да започне со печатење на трикотажа. На 32 години, Кавали успешно ја претставил својата прва колекција во салонот Pret-a-porte во Париз. Набрзо потоа отворил моден бутик во Сен Тропе и направил свој моден бренд.
7. Кензо Такада, 80 години
Штом го завршил училиштето за мода во Токио, 25-годишниот Кензо одлучил да се пресели во Париз. После шест години ја направил својата прва изложба во галеријата „Вивијен“, а еден од неговите модели се појавил на насловната страница на магазинот „Ел“. Текада својата прва машка колекција ја претставил кога наполнил 44 години, а пет години подоцна ја претставил линијата на женски парфеми, под сопствениот бренд „Кензо“.
8. Лучијано Бенетон, 83 години
Таткото на Лучијано водел мала фирма и по неговата смрт, 14-годишното момче морало да го напушти училиштето и да почне да работи во продавница за облека. Од заработката заштедил малку пари и со нив купил машина за плетење, па ја направил првата колекција разнобојни џемпери. Колекцијата постигнала комерцијален успех. Лучиано на 30-годишна возраст, заедно со сестра му Џулијана и двајцата браќа, Карло и Гилберто, ја основал компанијата Benetton Group.
Пако Рабан, 85 години
Пако својата кариера во светот на модата ја започнал изработувајќи накит за модните куќи: „Живанши“, „Диор“ и „Баленсијага“. На 32 години, тој во Париз ја претставил својата прва колекција облека изработена од харија, пластика и метал, која го привлекла вниманието на светските списанија. На 34 години ја основал сопствената модна куќа.
Пјер Карден, 96 години
На 14-годишна возраст, Пјер почнал да работи како чирак кај сукнар (сукно – вид волнена ткаенина) и така ги научил основите за кроење облека. Бргу потоа го напуштил домот на родителите и почнал да работи кај кројач во гратчето Виши, каде што почнал да шие женска облека. На 24 години, Карден станал шеф на ателјето на Кристијан Диор, а три години подоцна ја основал и сопствената модна куќа, која набрзо потоа стекнала светска слава.