10 причини зошто амишите не заболуваат од рак и други болести

Амишите се најздрави луѓе на светот. Тие воопшто не заболуваат од рак, но ни од кардиоваскуларни болести, а аутизмот во оваа заедница и не постои.

Амишите се протестантска заедница која живее во 28 американски држави, со речиси 250 илјади члена. Ова се тајните на нивното здравје:

  1. Амишите воопшто не се вакцинираат

Амишите никогаш не се вакцинираат и покрај огромниот притисок од владата. Многумина сметаат дека токму непостојаното вакцинирање е причина за аутизмот, алергиите.

  1. Амишите јадат органска храна

Едно важно обележје на амишката заедница е полјоделството. Амишката заедница си е доволна себеси и е ослободена од генетските модифицирани организми. Јадат сезонска храна, која самите ја одгледуваат, а  вештачкиот шеќер, кој е познат како еден од причинителите за рак, речиси и не го познаваат.

  1. Јадат многу здрави масти

Амишите јадат многу масти, но ги јадат само оние здравите. Храната со многу млечни производи е преполна со витамини, А, Е и К2. Месото и млечните производи ги добиваат од животните, кои исто така јадат органска храна, а хормоните, антибиотиците, вештачките бои, засилувачите на вкус, кои станаа секојдневен дел од прехраната на остатокот на светот, тие не ја познаваат.

  1. Амишите се физички активни луѓе

Амишката заедница има изразито мала стапка на дебелина, сѐ на сѐ околу 3 отсто. Амишите во просек прават 18.000 чекори дневно. Според зборовите на професорот Давид Р. Басет од Универзитетот во Тенеси, амишите својот начин на живеење им го покажуваат на луѓето од модерната доба колку заостанале во поглед на физичката активност.

  1. Амишите користат физички облици на превоз

Оваа заедница се потпира на физичкиот облик на превоз. Многу од нив се стручни коњаници и не користат трактори за обработка на земјиштата на своите фарми, туку работат тешки физички активности спротивно од остатокот од светот, кој прави сѐ што не претставува никаков напор. Напорот ги држи во одлична физичка форма.

  1. Амишите речиси не знаат за стрес

Амишите живеат живот без стрес. Меѓу нив ќе најдете и некој со дијагноза на умор, а депресијата што уништува многубројни животи во светот денеска и  не постои. Тие сѐ работат во хармонија не натпреварувајќи се со никого и нивните животи се релативно без стрес. Тоа објаснува зошто не познаваат срцеви заболувања затоа што стресот го зголемува кортизолот, кој доколку почесто е повисок, предизвикува срцеви и кардиоваскуларни болести.

  1. Акцент на тишината

Она што помага да се намали нивото на стрес во оваа заедница е мирот. Амишите се луѓе познати по трпението, толеранцијата и чекањето. Ова размислување ја поттикнува смиреноста и животот без никаков притисок.

  1. Без технологија

Амишката заедница комплетно ја отфрла технологијата, нешто што објаснува зошто многу луѓе во заедницата се совршено здрави. Нема намалена концентрација, нема зрачење на телевизори, мобилни, рутери, кои долгорочно во остатокот од светот предизвикуваат рак.

Отфрлањето на технологијата во овие заедници помага во нивниот мир и хармонија, но и во меѓучовечките односи, кои токму поради технологијата во остатокот од светот станаа голем проблем и причинител за многу психолошки и духовни нарушувања и отуѓеност.

  1. Изложеност на природата

Освен земјоделството, амишите одржуваат постојан контакт со природата. Тие имаат директен пристап до полето и другите природни средини. Амишите помалку се изложени на дим и други загадувачи поврзани со урбаниот живот, а многу се изложени на сонце, чиста вода, чист воздух.

  1. Чувство на заедница

Амишите се грижат за себе. Многу од нив посветуваат грижа за постарите и другите членови од заедницата на кои им е неопходна помош. Семејството им е многу важно, а разводи речиси нема. Нема промискуитет, измами, порнографии. Едни на други си помагаат, а зависта, натпреварите и озборувањата се обидуваат да ги отфрлат и поради тоа, освен телесното здравје, амишите имаат и големо духовно здравје, што им помага да живеат со сите во мир.

Амишите речиси сите тегоби ги лекуваат по природен пат, а повеќето од нив никогаш во животот и не одат на лекар. Се разбира, постојат поединци што од сето ова се откажуваат, но останува фактот дека амишите се најздрави луѓе на светот токму поради ова. Тие го отфрлиле напредниот живот.

Scroll to Top