101-годишна Италијанка третпат заразена од корона

Докторите во Италија ѝ се воодушевуваат на отпорноста на баба Марија, која трипати се заразува од коронавирусот и секојпат излегува победник.

Марија Орсингер има 101 година и ги преживеала и шпанскиот грип и Втората светска војна, а сега и короната, и тоа трипати. Таа првпат се зарази уште во февруари во првите денови од пандемијата во Европа.

„Во февруари мајка ми беше хоспитализирана во ‘Сондало’, каде што потоа докторот ни рече дека е најстариот пациент што оздравел и дека дури и многу лесно поминала. Дишела сама и немала температура“, раскажува ќерка ѝ Карла.

Баба Марија потоа во јули го прослави својот 101. роденден.

Во септември повторно била хоспитализирана и позитивна на корона по што 18 дена била под медицинска нега. Сепак, докторите велат дека се вчудовидени од нејзината отпорност бидејќи хоспитализацијата, всушност, и не била потребна, туку само како претпазливост поради нејзината возраст.

Минатиот петок 101-годишната баба третпат излегла позитивна. Овојпат Марија е асимптоматска и се наоѓа во својот дом.

Родена е на 21 јули 1919 година во селото Гаџо, северно од Милано, во близина на границата со Швајцарија.

Scroll to Top