Хелен Грајнер пред една недела наполни 105 години. за американските медиуми рекла дека тајната на нејзиниот долг живот не е во спортот и во посебниот режим на исхрана, туку во фактот што цел живот живеела со полн здив. Таа не внимавала на исхраната и не спортувала. Цел живот пушела цигари, пиела алкохол и се забавувала до раните утрински часови.
„Пиев пиво и пушев цигари. Останував до касно, танцував, а потоа одев на работа“, раскажала Грајнер за американските медиуми.
Таа денес живее во дом за стари лица во Перл Харбур. Отсекогаш сакала игри на среќа, но нејзиниот сопруг ја спречил во намерата да оди во Лас Вегас.
„Мојот сопруг не ми дозволуваше да одам во Вегас бидејќи знаеше дека сакам да се коцкам. Отидов во казино дури откако тој почина“, додала Грајнер.