Дванаесетте деца од Тајланд и нивниот фудбалски тренер, кои минатата недела беа спасени од поплавената пештера, денеска првпат се појавија во јавност на конференција за новинарите во Чијанг Раиј.
Групата излегла од болница и на конференцијата за новинари одговараа на прашањата за искушенијата што ги снашле во пештерата во која беа заробени 17 дена.
Момчињата откриле со што би сакале да се занимаваат кога ќе пораснат, а повеќето од нив навеле дека сакаат да бидат фудбалери.
Тие во текот на конференцијата изнесоа слики од нуркачот што загина за време на спасувачката акција.
„Фала што дојде да нè спасиш! Те почитуваме и жал ни е! Почивај во мир!“, порачаа момчињата.
„Станавме како семејство“, изјави едно од момчињата.
#ThaiCaveRescue – 12 boys and their football coach who were trapped in flooded cave in Thailand appear in public for first time since being discharged from hospitalhttps://t.co/ZAtgDeHX6P pic.twitter.com/BPIv8HO7I1
— BBC News (World) (@BBCWorld) 18 July 2018
„Разговаравме за тоа како да најдеме излез. Мислевме дека постои уште еден излез од другата страна на пештерата“, изјавил тренерот.
„Бевме уморни и гладни, само сакавме да јадеме нешто“, изјави најмладиот член меѓу децата со насмевка на лицето.
Тренерот откри дека спиеле на песокот и камењата, дека немале храна, туку само вода, која капела од карпите и дека ги учел како да се молат.
Тој изјавил дека верувале оти нуркачите ќе дојдат по нив.
Едно од момчињата открило дека првите зборови на нуркачите што ги пронашле биле: „Ова е чудо!“
Тој додал дека ги прашал: „Колку ве има тука? 13? Сјајно!“
“It was a miracle, I was shocked”
One of the 12 boys who was rescued from a flooded cave in Thailand with their football coach describes moment divers found them https://t.co/kxjOi09jXF #ThaiCaveRescue pic.twitter.com/CbYOIxYldE
— BBC News (World) (@BBCWorld) 18 July 2018
Друг додал: „Колку сте гладни?“
“We had only water, not food”
One of the twelve boys trapped in a flooded cave describes how they survived until rescuers found them https://t.co/kxjOi09jXF #ThaiCaveRescue pic.twitter.com/sWmKtWi8qy
— BBC News (World) (@BBCWorld) 18 July 2018
Сите членови на младиот фудбалски тим се претставиле, а прв меѓу нив бил тренерот Екапол Чантавонг кого го дочекаа со громогласен аплауз.
Еден од спасувачите што ги пронашол момчињата открил дека кога биле пронајдени, го прашале кога ќе излезат надвор и изразиле желба да јадат.
Пред почетокот на конференцијата децата го прегрнале фудбалот на импровизираниот терен, а им се приклучиле и школските другари.
Потоа се вратиле во своите домови кај семејствата, велат официјалните лица.