15 000 Албанци антикомунисти дигнале востание против Југославија во 1944 година

Бунтот на балистите на Косово и Метохија бил бунт на припадниците на организацијата на Бали Комбетар, кој се борел против единиците на НОВЈ. Борбите почнале на крајот на 1944 година. Во нив учествувале Албанци кои биле мобилизирани во партизански единици за да бидат испратени на Сремскиот фронт, а броеле околу 15.000 лица.

Овој бунт бил угушен од Југословенската армија на 21 февруари 1945 година, кога било обиколено селото Трстеник и бил уништен штабот на бунтовниците. Сепак, одредени групации на балистите продолжиле да дејствуваат и седум години подоцна, во 1952 година била ликвидирана последната група. За гушењето на овој бунт НОВЈ била принудена да употреби 40.000 луѓе!

Во сите окупаторски војни и полициски единици масовно се вклучувале Албанци од Косово и Метохија и верно служеле на германските и италијанските окупатори, не само на Косово и Метохија туку и во Албанија, Црна Гора, Македонија и други краеви каде што владееле окупаторите.

 

 

Scroll to Top