(Фото) Шпанско училиште ги пресели училниците на плажа

Во шпанскиот регион Мурсија, поради новонастанатата ситуација со ковид-пандемијата, едно училиште воведе нов начин на учење, така што ги пресели училниците на плажа.

Со овој нов начин тие комбинираат чист воздух со настава, откако веќе една година децата учат онлајн или со физичко присуство со дистанца. Учениците и надвор носат маски, некои се боси на песокот, а материјалот од наставата го совладуваат од подвижната табла.

„Безбедно е, децата навистина се забавуваат. Не го забораваат тоа што ќе го научат овде“, вели наставникот по англиски јазик Хуан Франсиско Мартинес.

Овие часови се дел од поголем проект насловен „Свеж воздух“, чија цел е подобрување на здравјето на децата за време на пандемијата и почесто да го поминуваат времето на отворено. Осум класови земаат учество во 20-минутни предавања, а децата на возраст од 3 до 12 години цело време остануваат во рамките на своја група.

„Одлично е, бидејќи сум и со моите другарчиња, и на плажа“, вели 10-годишниот Луз.

 

Scroll to Top