Едноделни костими за капење со длабоко деколте, дводелни и троделни парчиња со затворен топ се во мода оваа сезона. Во тренд се класичните костими во црна и тегет боја, но и тиркизни тонови и златни нијанси. Дизајнерите на брендот „Бонати“ велат дека ова лето ќе се носат и црно-бели и морнарски комбинации, а дека хит ќе биде и црвената боја која симболизира љубов и страст.