Гола Украинка го најде чарето за вечна младост

Чешкиот фотограф Давид Тенсински го посети украинскиот град Киев и од локалното население секојдневно слушал необични приказни како една млада дама во последните 9 години секое утро се капела во реката Дњепар.

Чехот не верувал на тоа што го кажуваат локалните жители, бидејќи температурата во Киев тие денови била -5 Степени Целзиусови, но тие го уверувале дека тоа не е важно и го присилиле рано наутро да отиде на реката со фотоапарат.

Сепак, Чехот од радозналост ги послушал жителите и рано наутро се стационирал покрај најстудената река на светот. Па, на крајот имал што да погледне, Ина Владимирскаја заедно со својот сопруг трчала по снегот, се соблекла гола и скокнала во реката. А, во тој момент температурата била -9 Степени Целзиусови.

“Тоа го правам секој ден во последните девет години, без разлика на температурата. Зошто? Бидејќи е здраво и на овој начин ќе го задржувам младоликиот изглед. Знаете колку години имам?”, рекла Ина.

Ина, има 32 години и без разлика на тоа што коментаторите тврдат дека таа всушност изгледа како 32 годишна жена, овој утрински ритуал вели дека нема намера да го менува.

 

“Ладната вода е одлична за крвотокот. Чувствувате како крвта Ви се движи низ органите, ја активира циркулацијата што е добро за намалување на маснотиите и подобрувањето на мускулните масти. Иста е работата и кај животните! Погледнете ги моржовите. Изгледаат секогаш исто, бидејќи долго време поминуваат во вода.

“Скокнувам внатре, излегувам надвор и гола трчам до автомобилот”, вели Ина.

Scroll to Top