„Јас ја носам ќерка ми на гинеколог за да проверам дали невина”, раперот Ти Ај предизвика револт во јавноста

Американскиот рапер Ти Ај предизвика остри критики на социјалните мрежи кога признал дека секоја година ја води ќерката на гинеколог за да провери дали е невина.

Ти Ај, гостувајќи во поткастот Ladies Like Us зборувал за воспитувањето на своите ќерки, меѓутоа кога водителката го прашала дали тој разговара за секс со нив, никој не очекувал дека ќе изјави нешто вакво.

„Не само што разговарам со нив за секс, туку секоја година одиме заедно на гинеколог за да проверам дали хименот ѝ е сè уште на место”, изјавил тој за својата 18-годишна ќерка Деја Харис.

А, потоа додал: „Да, одам со неа и не гледам зошто е тоа проблем”. Тој открил дека  со оваа пракса започнал веднаш по нејзиниот 16. роденден кога ѝ залепил ливче на вратата од собата на кое пишувало „Гинеколог. Утре во 9:30 часот”.

https://www.instagram.com/p/B1UZyo4Bw4E/

Како што вели, гинекологот претходно објаснил дека девојката мора да потпише согласност за споделување на информациите со него.

„Деја, дали сакаш да го потпишеш ова? Постои ли нешто што не знам? Гледате докторе, нема никаков проблем, таа ќе потпише”, раскажал Ти Ај.

Докторот му кажал дека хименот може да пукне и под други околности (возење велосипед или изведување на некои спортски активности), а тој му одговорил:

„Докторе, мојата ќерка не јава коњи, не вози велосипед и не се занимава со никаков спорт. Едноставно проверете ѝ го хименот и кажете ми ги резултатите што поскоро”.

Неговата исповед предизвикала бура од коментари на социјалните мрежи кои биле  негативни.

„Ти Ај живее во 30-тите години на минатиот век”, „Ти Ај е морничав бидејќи го споделува сексуалниот живот на своите ќерки со јавноста”, „Имам ќерка и никогаш не би ѝ направил нешто такво. Станува збор за злоупотреба и тажно е што толку слободно зборува за тоа во јавност”, биле само дел од коментарите.

 

 

 

Scroll to Top