На Хвар ноќевање за 8 евра: Пандемијата му пркоси и на најфраерскиот остров во Хрватска

На хрватскиот остров Хвар, кој важи за еден од најскапите и најпопуларните, како да е март или ноември. Отворени се само неколку ресторани, цените на пијалаците се преполовени, а ноќевање чини од седум до осум евра. На Хвар не може ни да се замисли толку евтино да биде ноќевањето, со оглед на тоа што важи за едно од најпопуларните места во Хрватска, каде секоја година доаѓа светскиот џет сет. Оваа година, заради пандемијата, наместо гужва, музика, јахти, афтер парти, на островот се случи пустош од кризата – пишува Слободна Далмација.

„Никаде не се следат вестите за коронавирусот во светот како на Хвар. Секој ден мислиме што Трамп ќе стори. Бидејќи ако не се смири работата, ќе ги однесе ѓаволот и оние малкумина Американци кои мислеие дека ќе дојдат“ – изјави еден од жителите на Хвар.

Газдата на еден од најпознатите хрватски ресторани, „Кај капетанот“, Јурица Томовиќ, минатата година во овој период имал еден куп резервации, а сега нема ниедна.

„Лани во овој период имаше 400 до 500 јахти и едрилици, а оваа година само десетина. Со угостителство се занимавам веќе 41 година, но ова го немам доживеано. Вака не беше ни за време на војната. Не го отворив ресторанот, бидејќи нема за кого. Можеби ќе отворам на 15 јуни, можеби на 1 јули. Не е добро. Само на Хвар има стотина ресторани и објекти за брза храна. Не знам како ќе преживеат годинава“, изјавил Томовиќ чиј расторан е покрај морето и е едно од најрекфентните места.

Хвар секоја година е свратилиште на речиси сите познати. Нема кој од светскиот џет сет, а да не поминал тука. Според „Форбс“ беше прогласен и меѓу најсекси островите во светот. Лани беше на листата на најубави острови во светот.

Scroll to Top