Турскиот фудбалер Сехер Токташ, го убил својот петгодишен син откако се разболел од корона. Дефанзивецот на Бурсаспор, самиот се пријавил во полиција. Тој признал дека го задушил со перница и рекол дека го убил затоа што никогаш не го сакал.
Токташ на 23 април бил хоспитализиран со детето на кое му бил дијагностициран коронавирус. Момчето било пренесено на интензивна нега, а починало два часа подоцна во присуство на неговиот татко. Лекарите ја припишале смртта на детето на тешка респираторна компликација, што е типичен знак на ковид-19 и воопшто не се посомневале дека таткото е вмешан.
Сепак, 11 дена подоцна, Токташ се пријавил во полициската станица и раскажал како го задавил детето.
„Ставив перница на лицето на син ми кога лежеше на грб. Ја притиснав перницата без да ја кренам 15 минути додека мојот син се бореше за живот. Кога престана да дише, ја подигнав перницата. Потоа ги викнав лекарите да ми помогнат за да отфрлам било какво сомневање“, признал фудбалерот.
„Никогаш не сум го засакал мојот најмал син, уште од неговото раѓање. Не знам зошто не го сакав. Единствената причина зошто го убив е затоа што не го сакав, но немам ментални проблеми“, додал тој.
31-годишниот фудбалер веднаш е уапсен и ќе му се суди за доживотен затвор.