Легендарниот хип-хоп бенд „Фјуџис“ е повторно заедно по 15 години. Лорин Хил, Вајклиф Жан и Прас Мишел најавија дека спремаат нова музика и дека наскоро ќе тргнат на светска турнеја, прва по 25 години.
Турнејата на која ќе посетат 12 градови, почна во Њујорк, а тие ќе имаа концерт пред малкубројна публика. Потоа продолжуваат со настапи во неколку града низ Америка, па Лондон и Париз, а ќе свират и во Нигерија и Гана.
„Бендот има сложена, но влијателна историја. Не бев ни свесна дека поминаа 25 години од нашата последна турнеја“, рече Лорин Хил за медиумите и додаде дека така дошла на идејата бендот пак да се обедини.
И покрај тоа што беа заедно само пет години и снимија два албума, „Фјуџис“ оставија трајно влијание врз светот на хип-хопот. Првиот албум Blunted on Reality го објавија во 1994 година. Две години подоцна, со издавањето на албумот The Score, и песната Killing me softly, станаа познати во цел свет, добија Греми, а албумот стана еден од најпродаваните албуми на сите времиња.
Групата се собра во 2005 година за синглот Take It Easy, но по ова сите продолжија со своите соло кариери.